Веќе сите знаеме дека парчињата на пруги се едни од омилените на девојките ширум светот, па дозволете и оваа есен да блеснете во едни такви.
Доколку ова лето обожававте да носите различни фустанчиња или кошулки на пруги, сега е вистинско време истите да ги комбинирате со есенски парчиња.
Посвежото време и дождливите денови воопшто не треба да ви бидат пречка за цела есен да уживате во тренди парчињата со морнарски пруги.
Нашата омилена комбинација за оваа есен е маичка или тенко џемперче во сино – бела боја комбинирано со тесни фармерки и чизми, а одозгора со познатото дождовно мантилче во крем боја.
Подеднакво добри се комбинациите на блузичка на пруги со црна кожена рок јакничка во комбинација со тесно здолниште до колена и секогаш неодоливите старки!
Во продолжение погледнете супер комбинации кои што можете да ги носите на различни поводи во текот на целата есен со кои секогаш ќе изгледате тренди и шик!