Седум летни парчиња што може да ги носите и во есен

12 август 2014

Би било идеално да имаме тон комбинации, а за секоја нова да не тргнеме во шопинг. До некаде тоа е возможно,  доколку разумно купуваме сезонски, но и меѓусезонски парчиња облека и имаме силно развиена креативност во однос на спојување комбинации. Секако Вие не мора да се грижите за спојувањето на стајлинзите, затоа сме ние тука да мотивираме кон вистинската насока.  Иако е месец август, искористете ги  попустите за да ги набавите некои од основните летни парчиња што ќе ви требаат и за претстојната есенска сезона.

1.Тексасна кошула

Веруваме дека почесто ја користите во свежите летните вечерни часови. Џинс кошулата секако дека можете да ја носите и во есен, подвиткајте ги ракавите, врзете ја на половината  како во 90-тите, раскопчајте ја надолу од под градите или пак „струкирајте“ ја со ремен околу струкот.

 

2.Краток топ

Краток топ надополнет со мото јакна. Краток топ споен со здолниште со висок струк. Ако летото се разладуваме со голо стомаче од краткиот топ, ова универзално обожавано парче ќе биде одлично и за есенските денови. Нам посебно ни се допаѓа комбинацијата на мото јакна под која е комбиниран краткиот топ.

 

3.Миди здолниште

Доколку ова лето се подновивте со колоритни миди здолништа, не ги пакувајте кога ќе ја селектирате летната гардероба. Секогаш имате комбинација плус со темните земјени и ладни есенски тонови.

 

4.Старки

Љубителите на старки сигурно посакуваат да ги носат секој период од годината. Дождовите автоматски се синоним за есен, но сепак освен платнените можете да си купите и кожен модел кој нема да пропушта вода, секако доколку не сакате да се раздвоите од нив и за постудените денови.

 

5.Бел блејзер

За белите парчиња во лето сме пишувале многупати, сепак белата боја не е резервирана само за сончевите топли денови. Затоа, не се откажувајте од белиот блејзер или летното тенко бело сако. Бидете сензуални и во есен. Носете бело.

 

7.Кошула- фустан

Откако се појавија нема кој не ги обожава. Нашата пракса вели дека ваквита кошула-фустан е идеална и за есенскиот период. Раскопчајте ја и дајте и улога на пуловер врз кој пак можете да облечете есенско тенко џемперче во иста должина колку и кошулата-фустан. На тој начин ќе добиете шик-слоевита комбинација.

 

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Направи сам