Омилениот летен тренд повторно е џек-пот и за есен

9 октомври 2014

Ако мислевте дека дојде период кога треба да го спакувате омиленото лето парче-краткиот топ, ќе мора да ве разубедиме во спротивното. Во текот на последните месеци кратките топови можевме да ги видиме на секој чекор, а автоматски бидејќи преку нив се покажува малку кожа повеќе ги сакаме за комбинации во топлите денови. Но, токму оваа рана есен е идеална тие повторно да бидат во фокусот бидејќи многу добро можат да ја „поднесат“ и есента.

Трикот е во слоевитоста од стајлингот. Играта со пропорциите се круцијална, затоа предлагаме секогаш да ги парирате со долг капут, предимензиониран џемпер, долга кожена јакна како и бојфренд сако.

 

Токму во ваков спој краткиот топ ќе можете да го носите уште некое време, а освен од дневните стајлнизи тој  сигурно ќе биде компактибилен и за вечерни излегувања. Затоа воопшто не трудете се да ги спакувате сите модели што ги купивте изминатото лето. За дополнителна инспирација ви ги презентираме изгледите на светските трендсетерки.

 

 

Објавено:
9 октомври 2014
Категорија: 
Тренд