Во селекцијата на функционални парчиња што го сочинуваат базичниот стил, особено во сезоната есен-зима, без исклучок е топлата ролка.
Елементарно парче облека што има своја клучна улога во различни ситуации независно од личниот имиџ, што го заслужува нашето внимание.
Топлата плетена или памучна ролка овој период од годината е присутна во нашето секојдневие, ја носиме често имплементирана во нашиот деловен, елегантен или кежуал аутфит. Затоа по некоја идеја плус како да ја комбинираме, е секогаш добредојдена.
Модниот фокус годинава е на предимензионираните кроеви, па ролка носиме и како фустан со чизми до глужд или пак во комбинација со џинс или кожено здолниште или панталони.
Безвременската комбинација од дводелно одело со ролка во различни бои, во деловниот свет е секогаш присутна. На овој изглед секогаш може да додадеме широк ремен што ќе стави дополнителен стилски акцент или пак зимски шешир за шармантен финиш.
Земјените, капучино тонови се најдоминантни, но за оние што преферираат еклектичен стил топло им ги препорачуваме интензивните нијанси, што сезонава носат дополнтелна доза возбуда во моден контекст.
Фото: Пинтерест