Изабел Марант џемпер во кој ќе се заљубите од прва

24 ноември 2016

Дизајнерката Изабел Марант за есен 2016 создаде уште едно хит парче кое деновиве ги преплави социјалните мрежи.

Секогаш креативната дизајнерка џемперот го наслови како „Ilia“, а истиот е дел од нејзината есен/зима 2016 колекција.

Имено станува збор за навистина прекрасен џемпер изработен од квалитетна волница во неколку прекрасни есенски бои како сива, црна и темно црвена.

Истиот има интересна јака и специфични отвори по површината кои го прават уште попривлечен. Француската дизајнерка со ова парче ги освои срцата на трендсетерките ширум светот кои постојано објавуваат фотографии со овој модел на Инстаграм.

Тие сакаат да го комбинираат со панталони со висок струк, со едноставни фармерки, со кожени и пепито здолништа, како и со здолништа од твид кои се како совршени за студената сезона.

Овој џемпер е еден од омилените и на прекрасната Елена Перминова која го комбинира со тренди кусо кожено здолниште и кошула од тантела одоздола.

Доколку сакате да оставите секси впечаток, не двоумете се и комбинирајте го само со впечатлива долна облека, додека за останатите пригоди бројните модели на кошули чекаат на вас!

Објавено:
24 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.094 пати