Во време кога во најголемите светски градови се случуваат модните недели, и повеќе од очекувано беше дека ќе се појави и некој бизарен тренд, а токму тоа и се случи.
На ревијата на Libertine каде беше прикажана колекцијата есен/зима 2016, покрај по добрите креации, дизајнерот Џонсон Хартиг беше запаметен и по „откачениот“ маникир што го побара за девојките.
Имено, моделите на пистата се појавија со бизарен крзнен маникир што буквално го преплави Интернетот во последните 24 часа.
Маникирот на девојките го направи тимот од козметичкото студио CND, кое впрочем е познато по лудите креации на нокти.
Секако, истиот е интересен само во услови кога ќе мирувате, односно кога нема да ги употребувате прстите за никаква работа, освен за пишување пораки.
Со оглед на тоа што истиот веќе го преплави Инстаграм, прашање на време е кога некоја од познатите девојки ќе го направи, а секако, веднаш по неа и сите останати трендсетерки ширум светот.
Ви се допаѓа ли последниот тренд кај маникирот?