Летните денови се зад нас, но тоа не значи дека и за време на есента не треба да се забавуваме со маникирот.

Оваа сезона девојките сакаат да експериментираат, па на социјалните мрежи постојано можеме да видиме разни типови на маникир направен со црн лак што изгледа супер.

Истиот е одличен избор за сите оние дами кои сакаат нешто повеќе, а супер изгледа и со сите комбинации што ги носите на дневно ниво.

Иако темна, црната е всушност многу весела боја, па така воопшто не треба да се двоумите ако сакате да си направите ваков маникир.

Сега во речиси сите салони имате можност ноктите да ги украсите со светки, ѕвездички, полумесечини, точки и било какви други детали.

Она што е вистински хит во моментот е нокти лакирани во nude нијанси, па потоа украсени со детали со црн лак.

Ако сезонава ви требаше малку инспирација, погоре во галеријата погледнете некои од највпечатливите.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
17 октомври 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
521 пати