Речиси и да не постои припадничка на понежниот пол што би го заобиколила коженето здолниште. Тоа е така бидејќи брендовите нудат плејада од модели што одговараат на разни вкусови и телесни конституции.
Моменталните понуди од полиците во продавниците вклучуваат мини и миди варијанти, такви во А и молив крој, како и популарнате глок форми и на преклоп. Токму широкиот избор ги прави посакувани од различни профили на жени и девојки.
Изминатата топла сезона беа идеални за вечерните изгледи, а со доаѓањето на есента истите најдоа поголема примена како од дневните така и од вечерните изгледи. Трендот перманентно се провлекува од лани, а иако се универзално обожавани, на секоја комбинација и вдахнуваат индивидуалност.
Моделите во боја на црвено вино имаа доминантна улога од колекциите на светските брендови и комерцијалните етикети за есен-зима 2014/15 година. Шик-елегантните здолништа во темно црвена нијанса се одлични во комбинација со сиви и тегет тонови,интензивна жолта, но перфектен контраст создаваат и со палетата на пастелните нијанси. Кое е Вашето омилено?