Кафтан - фустан кој не мора да го носиме само на плажа

29 јуни 2020

Неизвесно е како ќе изгледа летниот одмор годинава, а и дали воопшто ќе го имаме, во онаа класична смисла на зборот.

Сепак, топлото време нема да нè одмине, а постои едно парче што досега најчесто сме го планирале за изглед на плажа, но сега е идеално време да го вклучите и во секојдневниот изглед - кафтан.

Овој фустан ќе ве спаси од жештините, лесен е и широк, а со ремен може да изгледа и елегантно и да го искористите како стајлинг за разни пригоди.

Алберта Ферети

Краток или долг, одлучете се според вашиот моден сензибилитет, а може да се најде (или сошие) во разни принтови или пак еднобојни верзии.

Уште поегзотично изгледа со везени украси, врвки или по некоја монистра, а совршено се вклопува со сандали, римјанки, еспадрили...Најчесто се изработуваат од природни материјали - памук, свила, лен, за да што поголема удобност и пријатност при носењето.

Можете да си земете и шапка и да бидете вистинска дама дури и на највисоките температури.

Во прилог ви претставуваме неколку идеи од летните колекции на дизајнерите, кои очигледно придонесоа да го забележиме ова парче и во друг контекст.

Гучи

Мисони

Алберта Ферети

Алберта Ферети

Ана Суи

Шанел

Оскар де ла Рента

Долче и Габана

Етро

Етро

Етро

Етро

Исабел Марант

Мисони

Оскар де ла Рента

Оскар де ла Рента

Роланд Муре

Роланд Муре

Објавено:
29 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
831 пати