Како да го носите вашето омилено шал-ќебе
•
27 декември 2022
Шал – ќебето оваа зима е полн погодок. Покрај тоа што е практично и топли кога најмногу треба, го дополнува изгледот на еден суптилно, елегантен начин.
Сепак она што нам ни е најинтересно е тоа што може малку да си играме со начинот на кој што ќе го носиме.
Зимата сама по себе ја наметнува потребата за повеќе слоеви и тука шал-ќебето доаѓа во прав момент.
Последниве неколку години долгите, големи шалови се навистина популарни, особено се хит оние во повеќе бои.
Секако тука се и понеутралните тонови кои што одлично се сложуваат со беж нијансите на облеката.
Еве неколку идеи како можете да го комбинирате вашето омилено шал-ќебе
Фото: Pinterest