Како ќе ги комбинираме боите есенва
•
5 септември 2017
Нема сомнеж дека и оваа есен ќе биде колоритна, кога тема на муабет се модните тенденции. Прашањето е само: како ќе ги комбинираме боите меѓусебе? Одговорот е: нема строги правила.
Колку понеобични и навидум неспоиви комбинации, толку позабавна есен.
Во фокус ќе биде комбинацијата на повеќе интензивни бои како на пример силно сина со изразито зелена, со по некој детаљ во окер боја или пак спојот на црвена со портокалова.
Исто така актуелни ќе бидат и аутфитите во повеќе нијанси на една боја (како на пример градација од темно розова до пудреста и нежна нијанса на оваа боја).
Во игра секогаш се црна, бела, земјените тонови и сива, што може да ги комбинирате со останатите бои од широкиот спектар за оваа есен.
Фото извор: Пинтерест