Карираниот фустан е неодоливиот тренд за доцното лето и раната есен

23 август 2022

Ретро естетиката е присутна во речиси секој аспект од нашиот живот, без разлика на тоа дали станува збор за индустриски дизајн, дизајн на ентериер или пак модата.

Модната сфера особено подлежи на силното влијание на носталгијата, па така, последните неколку години сме сведоци на често „воскреснување" на ретро трендови и дизајни.

Карираниот фустан дефинитивно припаѓа во оваа категорија, и ние сме возбудени за неговото враќање на модната сцена ова доцно лето, а и за време на претстојната есен.

Фото: Pinterest

Доколку размислувате за тоа како да ја освежите вашата гардероба во наредниов период, кариран фустан во впечатливи бои и разиграни нијанси и комбинации ќе го постигнат токму тој посакуван резултат.

Фото: Pinterest

Со соодветни модни додатоци, ова ретро парче може да добие сосема современ и шик изглед. Од кошули, уникатни јакни, впечатлив накит, чанти или шапки, па сè до изборот на чевлите за кои ќе се одлучите, карираниот фустан можете да го искомбинирате на безброј начини и да му дадете различен дух секој пат. А дали ќе се одлучите се долг или краток, тесен или широк и лелеав, со или без ракави, слободата е ваша! Изборот за материј од кој е изработен фустанот, исто така останува лична преференца.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Па затоа, во продолжение ви претставуваме некоклу предлози за комбинации со карирани фустани со кои се надеваме дека ќе ве мотивираме да си го пронајдете вашиот идеален модел за ова доцно лето и рана есен.

Фото: Pinterest

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
510 пати