Кога патентите го имаат главниот збор

31 декември 2013

Оваа сезона понудата на модните брендови е збогатена со уште еден новитет, здолништа со патенти. Без разлика на должината или формата на здолништето, патентите се задолжителен детаљ кој може да има своја функција или пак само да служи како украс на моделот.

Здолништата со патенти одлично се вклопуваат за дневни и вечерни пригоди, лесно се комбинираат со џемпери, кошули, интересни маици со принтови, чизми, салонки, мото јакни и богат избор на накит. Најбарани здолништа оваа зима се кожените или пак оние изработени од памучен материјал, но сепак за целосен изглед, ние би ви препорачале ваков модел на здолниште за да внесете малку автентичност во целокупниот изглед.

Доколку се одлучите за ваков модел на здолниште, побарајте ги во продажните салони на Зара, Асос, H&M, Pull&Bear.

Објавено:
31 декември 2013
Категорија: 
Тренд