Копенхаген: Свежа, урбана, енергична улична мода!

30 јануари 2020

Скандинавската улична мода е свет за себе. Владее комоцијата, но не на сметка на секогаш атрактивниот уличен стил.

Напротив, остатокот од светот учи од скандинавските улици како одат рака под рака етиката и естетиката. Таму одржливата мода оддамна е правило, а не исклучок, како што е во голем дел од светот.

Деновиве е актуелна Модната недела во Копенхаген, па може да претпоставите дека атрактивноста на уличната мода во градот е на максимум.

Не е тешко да забележите дека доминираат предимензонираните форми и еклектичниот микс на колорит, принтови, дезени...

Во уличната мода нема правила...

Фото: Elle / Popsugar

 

 

Објавено:
30 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.464 пати