Летни фустани скроени за на работа

26 мај 2022

Успешниот деловен стил во лето, подразбира естетика и практичност што меѓусебе идеално се надополнуваат.

Од една страна, летниот деловен имиџ треба да одговори на амбиентот и функцијата на вашето работно место, од друга треба да го задржи вашиот автентичен стилски печат, а од трета страна треба да се чувствувате пријатно во тоа што го носите за беспрекорно да ги извршувате работните задачи и покрај високите температури.

Фустанот е совршеното модно парче кое може да одговори на сите ваши потреби, кога е во прашање деловниот изглед во лето.

Изборот на модели е атрактивен, од едноставни и минималистички до шик и женствени, со што веруваме дека имате свои фаворити. Истовремено, ноншалантниот крој и пријатниот материјал од кој е изработен, придонесува да се чувствувате добро во сопствената кожа.

Непогрешен е моделот со миди должина, суптилно нагласена половина и ракави што ги покриваат рамената. Доколку е еднобоен, тогаш дозволете си и по некој моден додаток што ќе ја освежи комбинацијата, а во случај ако фустанот е со впечатлив принт или дезен, тогаш доволно е да ги додадете омилените чевли на ниска или средно висока потпетица и чантата што ќе ги собере сите неопходни предмети во текот на работниот ден.

Издвоивме неколку фантастични модели на фустани како скроени за на работа.

Објавено:
26 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.759 пати