10 елегантни деловни изгледи со пролетни фустани

8 мај 2023

Пролет во канцеларија - е совршена прилика за да ги искомбинирате елегантните фустани во софистицирани деловни аутфити.

Фантастично богатиот избор на модели, кроеви, принтови и бои дават бескрајни можности како фустаните да ги споите во деловен изглед, што истовремено ќе одговара на деловната етика на вашето работно место, а ќе носи и нота на индивидуален печат.

Како ќе го комбинирате фустанот, е прашање кое во најголем дел зависи од кројот и дезенот на фустанот, секако прилагоден на вашата фигура.

Доколку е едноставен, монохроматски, минималистички миди или макси фустан, со долги или ракави што го покриваат горниот дел од рацете, тогаш овој модел дозволува да се комбинира со или без сако или блејзер, со суптилен накит или ремен околу струкот, надополнет со чевли на ниска или средно висока потпетица.

Во случај кога фустанот е со повпечатлив дезен, најдобро е ваквиот модел да го „смирите" со сако или блејзер во неутрална нијанса.

Доколку се работи за поширок крој на фустан, струкот потенцирајте го со ремен, а фустаните без ракави во деловен изглед најдобро е или да ги избегнувате или задолжително да ги комбинирате одоздола со кошула или со елегантно сако.

Од атрактивните пролетни деловни комбинации со фустани, издвоивме 10 кои сметаме дека се доволно универзални, а истовремено доволно софистицирани, за што поголем дел од вас да се идентификуваат во нив.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
8 мај 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.163 пати