Фустанот со средна должина е едно од оние парчиња од гардероберот во кое секогаш ќе изгледате дотерано, а притоа без голем ангажман.
Само одберете го фустанот што совршено ѝ прилега на вашата фигура и спојте го со добар пар чевли или чизми.
Актуелни се миди фустаните со нагласена половина со широк ремен и во асиметричен крој. Доколку пак преферирате спортски стил, тогаш исто толку популарни се памучните и плетените фустани со права линија.
Претстојната сезона пак е идеален период за романтични миди фустани со цветен принт и широки транспарентни ракави, а за на работа може да ги комбинирате со сако или еднобоен блејзер.
Карнерите се сѐ уште актуелни, па нема да згрешите ако одберете лелеав миди фустан со јака или ракави со карнери.
Фото извор: Пинтерест