Модна инспирација за секој ден од август

1 август 2018

Пред нас е нов месец, а тоа значи и нови модни комбинации. Некои од вас токму месецов ќе заминат на одмор, а некои ќе продолжат со работните обврски.

Без разлика во која група спаѓате, ние во продолжение ќе ви дадеме предлог како можете да изгледате секој ден од месец август.

Дали ве очекува патување, нова авантура, важни работни обврски, некоја прослава - сосема е неважно, бидејќи без разлика на сè треба да изгледате убаво и да се чувствувате удобно.

Летово можеби не е онакво на какво сме навикнале досега, но тоа не значи дека не можете да го разубавите дополнително со вашите модни комбинации.

Без разлика на температурите, сезонава сè уште се актуелни фустани на копчиња, бели парчиња, панталони со висок струк, нежна тантела, беж нијансата, сандалите со ремчиња... Но, пред сè, актуелно е сè што добро изгледа на вас!

А августовските предлози следат во продолжение:

Миди фустан на риги

 

Горен дел со гол грб+џинс

 

Бел џинс+беж маичка

 

Црни миди панталони+кошула со тропски принт

 

Бел ленен фустан+ремен

 

Кратки панталончиња со принт+бела кошула

 

Романтичен фустан со принт+ремен

 

Бел комбинезон+тантела

 

Џинс+краток топ+палто

 

Асиметрично беж здолниште+кошула

 

Црвени панталони со висок струк+бела кошула

 

Широки панталони+бела блуза од тантела+карнери

 

Ленени панталони+кошула со волуменозни ракави

 

Панталони на туфни+црна маичка-палто

 

Здолниште со цветен принт+долго црвено палто

 

Макси фустан на точки

 

Класичен џинс+нежна транспарентна буза со карнери

 

Мини фустан со тантела

 

Панталони килоти+маица со натпис+тексасна јакна

 

Макси фустан со волуменозни ракави и дискретен принт

 

Тесен фустан до колена на риги+голи раменици+шапка

 

Кошула+„слип“ фустан со цветен принт+патики

 

Тесно пенкало здолниште+краток топ

 

Џинс на џинс

 

Долг лелеав фустан со отворен грб и мали карнери

 

Широко здолниште+блуза со отворени раменици

 

Кожени панталони со висок струк на врзување+кошула со карнери

 

Едноставен бел фустан

 

Асиметричен кариран фустан без ракави

 

Шорц+кошула+плетено парче без ракави

 

Романтичен фустан со ѕвонести ракави+тантела во окер нијанса

Објавено:
1 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.944 пати