Плетени фустани – зимска стилска униформа за сечиј гардеробер

23 декември 2021

Ако некое модно парче е НЗС во зимскиот плакар на сите жени, независно од личниот стил и возраста, тоа е плетениот фустан.

Оваа зима актуелни се различни верзии на парчето кое важи за „зимска модна униформа" со акцент на фустаните со ролка, моделите со пруги и оние со пошироки кроеви кои може да се потенцираат со ремен околу струкот.

Речиси сите „high street" и луксузини модни брендови, сезонава лансираа своја верзија на секогаш актуелниот плетен фустан, па независно од тоа каков е вашиот личен моден вкус, голема е веројатноста дека ќе го пронајдете вашиот фаворит.

Во однос на колорот, доминираат топлите и неутрални тонови, капучино нијансите, но не се исклучени и повпечатливи и интензивни бои и дезени на плетенините.

Складно може да ги вклопите и во дневни и во деловни комбинации, во зависност од тоа дали ќе ги комбинирате со патики, ниски чевли, високи потпетици или чизми или пак ќе ги носите под сако, блејзер, елегантен капут или спортска јакна.

Кој е вашиот фаворит од моделите што ги издвоивме во продолжение?

Фото: Пинтерест, Инстаграм

 

Објавено:
23 декември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.886 пати