Пролетен хит: Мантилите што ќе ги носиме оваа сезона

20 февруари 2023

Меѓусезонскиот период е време резервиарно за мантили.

Ги носиме сите, независно од возраста и стилските преференции, токму поради нивниот универзален карактер, функционалност и елеганција.

Предноста е што може да ги комбинирате буквално во секој аутфит, од деловен за на работа, до спортски со тренерки и патики.

Во последниве неколку години, мантилот стана нераскинлив сегмент од урбаната улична мода, каде омилени се моделите во пошироки кроеви, кои ја нудат удоноста и бесконечната можност за слоевито комбинирање, па одоздола може да носите и блејзер, џинс јакна или дуксер.

Оваа сезона на веќе популарните модели во сафари нијанси, се придружуваат и џинс моделите на мантили, како и оние во повпечатливи бои како розова, зелена или сина.

Како ќе ги комбинираме оваа пролет, неколку дополнителни идеи ви нудиме во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
20 февруари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.596 пати