Лето во кариран костум

7 јули 2015

Деловниот свет на мажите честопати важи за ригиден, без големи експерименти во однос на деловниот имиџ и игра на една иста-сигурна колорна карта која вклучува неколку основни бои како: сива, тегет или црна.

Меѓутоа, оние мажи кои се доволно храбри и сигурни во својата естетика, секогаш прават отстапки и напуштајќи ја својата комфорна зона, стануваат пример за останатите.

Токму на таквите, им препорачуваме карирани костуми за ова лето. Изработени од природни, пријатни и лесни материјали со кариран дезен, комбинирани со впечатливи модни додатоци како шешир, очила за сонце, пеперутка машна или марамче во џебот од сакото.

Па дури и ако не сте од оние кои експериментираат, понекогаш вреди да си дозволите мала стилска авантура која можеби ќе ви премине во практика!

 

 

Објавено:
7 јули 2015
Категорија: 
Тренд