Личен шопинг асистент - професија на современото време

13 декември 2013

Иако звучи помалку апстрактно и во прв момент невообичаено за обични услови, сепак улогата на личен шопинг асистент е се почесто повикувана во современото турболентно секојдневие и добива на се поголемо значење.

Ако оваа професија до сега беше луксуз резервиран единствено за холивудските дами, сега се почесто се применува од практични причини особено кај оние луѓе кои се секогаш во трка со времето.

Се работи за квалификуван консултант кој на објективен начин сугерира како и кои производи да се одберат од огромната понуда на пазарот. И тука не мислиме единствено на модни парчиња, туку бувквално се однесува на секоја одлука која треба да се донесе во пазарењето кое вклучува поголема инвестиција, од технологија до автомобил.

Овој професионален профил на луѓе за прв пат се појави во 80-те години во Америка и во почетокот го користеше само општествената елита, но денеска толку се распространети и еволуираа што таквите професионалци се дел од тимот на сите поголеми трговски центри и компании.

Секој шопинг асистент може да се специјализира во една област како на пример во изборот на дизајнерски модни парчиња, козметички продукти, накит, туристички дестинации, недвижнини или пак доколку работи со помал ограничен број на клиенти да се прилагоди на сите оние животни области кои му се блиски на клиентот.

 

 

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Тренд