Љубовни комбинации од уличната мода: Црвено и розово се супер стилски пар

14 февруари 2022

Денешниот ден посветен на љубовта и виното, има своја верзија и во уличната мода.

Црвената и розовата боја кои го симобилизираат Денот на вљубените, одлично изгледаат во пар и во светот на модата.

Романтични и женствени, аутфитите во кои се комбинирани овие две бои секогаш се впечатливи и делуваат моќно и привлечно.

Затоа и оваа сезона ќе бидат меѓу најатрактивните бои, а излозите со новите пролетни колекции веќе добиваат црвени и розови нијанси.

Мајкл Корс на пример, во својата актуелна пролет-лето колекција ги интерпретираше овие комбинации на бои во раскошни сетови со атрактивни принтови.

Розовите и црвените нијанси се актуелни и во новите летни колекции на Гучи, Валентино, Ели Сааб, Макс Мара, што секако ќе се одрази и на располежението во уличната мода оваа сезона.

 

Објавено:
14 февруари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.083 пати