Мантилот е парче без кое не смее да помине ниедна есенска сезона

4 септември 2014

Asos Asos

Пред конечно да настапи есента, никако не смеете да го заобиколите парчето кое во секоја прилика ќе направи од вашиот стил урбана нота. Сигурно повеќето девојки во својот гардеробер го имаат ова култно парче. Сепак, доколку сте обожавателка на мантилите сигурно ќе посакате уште некој нов модел и текстура.

 

Bershka Bershka

 

 

Комерцијалните брендови подготвија богата понуда на есенските мантили кои имаат модерни кроеви што малку ги заобиколуваат оние класичните. Сега може да најдете и такви изработени од памук, свиленкасти материјали, такви што потсетуваат на кимоно, со дворедно закопчување. Се комбинираат многу лесно, а ефектот кој го создаваат несомнено ги прави безвременски. Пред да тргнете во шопиг, погледнете какви модели веќе се дел од есенската понуда.

 

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Тренд