Мажите ќе ги обожаваат земјените тонови оваа есен!

7 септември 2015

Момци, доколку веќе почнавте да се подготвувате за стилската есен, треба да знаете дека неколку нијанси ќе бидат вистински хит!

Веруваме дека веќе ви здодеаја кусите фармерки и панталони и едноличните маички , па сега е вистинско време да се подновите со клучните парчиња за претстојната сезона.

Како кај девојките, така и кај момците оваа есен вистински хит ќе бидат парчињата во милитари стил и претежно земјени тонови и нијанси.

Во најголем дел од сезоната ќе преовладува темно зелената и кафената боја како совршени за топли и стилски студени денови.

Она што задолжително морате да го имате во вашиот плакар, се темно зелените бомбер јакни, широки панталони со странични џебови во кафени нијанси, топли крем џемпери и стилски чизми и високи чевли во рок стил.

Во продолжение во галеријата, погледнете неколку фотографии што ќе ви послужат како инспирација за шопинг.

Објавено:
7 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.083 пати