Три во едно: Оливија Палермо ги комбинираше најпопуларните парчиња за оваа есен

24 септември 2020

Капут во нијанса на карамела, предимензионирана бела кошула и „груби" милитари чизми, се трите хит парчиња што оваа сезона се издвојуваат како најпопуларни тенденции.

Модната трендсетерка и блогерка Оливија Палермо, при една пршетка во Њујорк е фотографирана во лежерна, а ефективна комбинација што ги вклучува сите три популарни стилски парчиња.

Со оглед на нивниот минималистички дизајн и трите парчиња лесно се комбинраат, па се одлична солуција доколку оваа есен планирате да се подновите со парче кое истовремено ќе биде и функционално и модерно.

Дека деталите секогаш го засилуваат впечатокот, пример и е суптилното златно синџирче на капутот што на целиот изглед му дава дополнителна екстравагантна доза.

Стилска целина за чиста десетка.

Објавено:
24 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
969 пати