Во што е вљубена оваа есен Оливија Палермо?

10 ноември 2014

Њујоршката трендсетерка Оливија Палермо оваа есен има долга листа на желби! Покрај тоа што во својот плакар ги има најновите парчиња од дизајнерските колекции, има и неколку што сѐ уште се на листата на чекање!

За истите, таа ќе каже дека се задолжителни оваа сезона, како составен дел од стилските комбинации на секоја девојка во светот.

Со оглед на тоа што таа е една од најуникатните девојки во светот, повеќе од сигурно е дека треба да и веруваме, барем кога станува збор за стилот.

Овие пет парчиња од листата на желби на Оливија, се оние со кои ќе оставите впечаток на софистицирана дама каде и да се појавите оваа есен, но и кон почетокот на студената зима.

Нејзината листа ја започнуваме со овој фасцинантен номадски џемпер, дел од колекцијата на Емилио Пучи за кој таа ќе каже дека е есенцијалното парче за оставање впечаток оваа есен!

Во нејзината совршена комбинација, Оливија би го комбинирала со црни или кафени кожени панталони и впечатливи чизмички во иста боја.

Веднаш потоа, како „must have“ парче таа ја посочува и оваа шармантна, нежно кафена шапка од колекцијата на модната куќа Мезон Мишел за која ќе каже дека обожува да ја вметнува во секоја, целосно црна комбинација.

Кога станува збор за потпетици, оваа есен Оливија предлага совршен спој од колорит и крзно и кај потпетиците, па како најсоодветни за сезонава ги посочува фантастичните сандали на Брајан Атвуд за кои ќе каже дека се подлога за „среќно стопало“!

Дека е вистинска „зависничка“ од крзно оваа сезона, таа ни докажува постојано, а тоа го направи и со нејзиниот последен избор на оваа Валентино колоритна мини чантичка која е вистински одраз на урбана и тренди дама со посебен вкус!

Последно, но не помалку важно парче за Оливија е „пенкало“ здолништето во крем нијанса од изборот на младешките и секогаш урбани No.21!

Доколку ви требаше малку инспирација за урбани есенски комбинации и шопинг, сега е вистинско време да се почестите!

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Тренд