Оливија Палермо и „Озборувачката“ како модни близначки

8 октомври 2015

Една од најпопуларните телевизиски серии „Озборувачка" и не така наивно се наметна кај тинејџерската публика „сервирајќи" и готова слика за тоа како изгледа и живее богатата и модерна девојка од Њујорк.
Во реалниот живот пак, најчесто животниот стил на главните протагонистки од серијата Блер и Серена, е споредуван со оној на светската трендсетерка Оливија Палермо, барем кога е во прашање имиџот.

Љубовта кон женствените и елегантни дизајнерски парчиња комбинирани со исклучителна стилска естетика е заедничкиот пресек помеѓу фиктивните девојки од филмот и единствената Оливија Палермо.
Во повеќе наврати, комбинациите што ги прави Палермо се како стилска реплика на безпрекорните аутфити од серијата зад кои пак се потпишуваат врвни дизајнерски имиња и стилисти, па на некој начин и оваа серија е промотор на нивната работа.

Во продолжение издвојуваме неколку различни ситуации во кои Оливија Палермо е „стилска близначка" со озборувачките.

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.231 пати