Метален сјај раскошно блешти на летните креации од ламе, кожа, свила и хај-тек ткаенини како олицетворение на раскошот и гламурот на новото доба. Металик-материјалите се голем хит во дизајнерските колекции за ова лето, без оглед дали од нив се направени мантилите, корсетираните фустани или спортските маици. Вообичаено метализираните ткаенини ги поврзуваме со футуристички стил, аналогно на тоа лесно може да погрешиме кога ги комбинираме и наместо стилистички погодот да постигнеме изглед на вселенски воин. Денес креаторите металните тонови и холографските текстури ги употребуваат на повеќе начини – во вид на златно ламе, металик-кожа, светкави плетива, материјал со ефект на алуминиумска фолија... И од нив создаваат одделни парчиња, модни додатоци, вечерни фустани, светкави изгледи од глава до петици.
Најпопуларни се сребрените тонови кои имаат посмирен сјај од златното ламе и многу добро се комбинира со сиви и неутрални тонови. На пример, облечете сребрено здолниште, а за да постигнете едноставен шик-изглед комбинирајте го со друга облека во неутрални нијанси и со минималистички детали. Во летните колекции видлива е употребата на светкави пујејки, не само со сребрен или златен сјај, туку и во некоја друга поинтензивна нијанса. Секоја жена треба да има барем едно парче со пулејки. Звучи премногу екцесивно, згора на тоа стилистите ве охрабруваа блескавите пулејки да ги вметнете и во дневните комбинацииНа пример, па затоа светкавото здолниште носете го со класична кошула со машки крој која ќе го смири блештавилото на здолништето.
Кристофер Бејли во колекцијата за брендот Бурбери покажа дека металниот сјај е неизбежен за оваа сезона. Тој прикажа серија на мултиколорни холограмски креации како мантили со ефект на фолија, сребрени кошули, сјајни здолништа, светкави чевли и чанти. Клучот да не изгледаде налудничаво и како да сте се наметнале со фолија е да изберете облека со класичен крој и да го намалите интензитетот на останатите делови од облеката. Иако првата рефенца на металик-материјалите е футуризам, тие лесно може да се вклопат во боемскиот тренд. Обично макси здолништата не потсетуваат ка хипи-стил, ама кога се направени од металик-ткаенина добиваат свеж и модерен изглед. Дизајнерите предлагаат и металик-фармерки, сребрени моторџиски јакни, плик-чанти и необични чевли со холограмски ефект.