Модата во слоеви карактеристична за овој период од годината, дозволува супер стилски експерименти.
А ние обожуваме слоевити модни приказни...
Така постигнуваме уникатен изглед со парчиња што веќе ги имаме, а ги миксаме во различни варијанти.
Џинс јакната е идеално парче што лесно може да се модифицира и флексибилно да се прилагодува во различни слоевити аутфити, а особено во комбинација со капути, мантили или пак со кожени јакни.
Денеска ќе се осврнеме на неколку инспиративни идеи во кои џинс јакната е споена со зимски капут или со мантил.
Оваа комбинација е совршена за овој период од годината, па веруваме дека секоја идеја плус ќе ви биде добредојдена.
Низ фотографиите во продолжение, ќе наидете на повеќе опции што може да си го најдат местото во вашиот стил.