Модни класици во кои вреди да инвестирате

16 јануари 2015

Овој пат на листата не ги ставивме мантилот, јакната во маслинеста нијанса и малиот црн фустан бидејќи сме сигурни дека нив веќе ги поседувате. Новите пет парчиња кои се задолжителни ги наметнаа многубројните модни магазини, трендсетерки и модни брендови.

Ролките во пастелна нијанса се незаменливо парче за зимската сезона. Без разлика дали е памучна или волнена, таа е дел од изгледот на секоја модно освестена девојка. Моментално постои голем попуст во бутиците, па би било добро доколку се обезбедите со ова парче кое може да го носите апсолутно секоја есен- зима сезона.

Класичното црно сако е совршен избор како за деловен изглед, така и за свечени комбинации. Вложувањето во квалитетно сако ќе ви се исплати на долгорочен план.

Црните салонки се незаменливо парче чевли без разлика на модните трендови кои се менуваат од сезона во сезона. Не постои комбинација која комплетирана со нив не е формула за уникатен изглед.

Елегантните панталони сигурно се дел од гардероберот на сите деловни жени. Но сепак,  неколку сезони по ред спортската елеганција е „ин“ и токму затоа, добро би било секоја девојка да поседува барем еден  ваков модел на панталони во својот гардеробер.

Во однос на накитот, задолжително набавете си прстени кои се носат на сите прсти, а истите можете да ги набавите во сите урбани бутици  кои во својата понуда нудат исти или тотално различни модели за секој прст.

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Тренд