Оваа чантичка е една од најпосакуваните оваа сезона, па голема е веројатноста дека веќе си имате купено една.
Ако не, тогаш ова е супер парче во кое можете да инвестирате, а нема да погрешите. Девојките ја обожаваат бидејќи е навистина шик, а можете да ја носите и на повеќе начини.
Инаку, оваа сезона познатата торбичка што порано момците ја носеа на половината има голем број варијации, па така направена е од разни материјали, во разни бои и модели.
Ние денеска ви предлагаме една кожена во темно црвена боја со впечатлив патент во предниот дел. Носете ја на половината, во рака или пак преку рамо и бидете тренди девојка секој ден.
Истата нема да ве ограничи во комбинациите, па така носете ја дури и со некое шик фустанче и изгледајте супер тренди.
Конкретно овој модел можете да го најдете во продавниците на Манго, но и во бутиците на други познати брендови.