Must have: Чизми со животински принт што ги обожаваме!

24 октомври 2018

Веќе знаете дека оваа сезона чизмите со животински принт се едни од најпосакуваните, а тоа можеме да го видиме и од бројните комбинации што девојките ги објавуваат на социјалните мрежи.

Токму ваквите чизми се нашиот денешен must have, а ги обожаваме поради тоа што се супер впечатливи, а сепак тренди и шик.

Она на што треба да внимавате се останатите парчиња со кои ги комбинирате истите, па така едноставниот црн фустан или пак некој во друга боја, би бил совршениот избор за овој модел чизми кои можете да ги најдете во продавниците на Mango.

Подеднакво привлечно ќе изгледаат и со некое елегантно здолниште во крем или сива нијанса и топло џемперче или палто во слична боја.

Во секој случај, истите се вистински must have оваа сезона, па така доколку сè уште не инвестиравте во некој модел, тогаш овој е вистинскиот за вас.

Објавено:
24 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
365 пати