Must have: Црна клач чантичка за сите пригоди!

16 јуни 2016

Во време кога во екот се супер лудите забави до доцните ноќни часови, свадбите на пријателките и разни други свечености, потребно е да го освежите плакарот со уште еден шик моден додаток.

Оваа црна клач чантичка од Parfois, е многу повеќе од вообичаен избор за вашите стилски комбинации, но бидете сигурни дека ќе бидете забележани каде и да појдете.

Носете ја со мал црн фустан, комбинација во боја, фармерки и маичка стилизирани со високи потпетици и со што и да посакате.

Во неа ќе ги собере најмалите ваши богатства, а ресите како украс ќе направат таа да стане омиленото модно парче во сите ваши комбинации.

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
202 пати