Must have: Есенски чизми за совршен финиш на комбинациите

20 октомври 2016

Оваа есен ние обожаваме чизмички до глужд во сите варијанти и бои, а се чини дека конечно го имаме победникот на сезоната!

Овие прекрасни чизмички од Bata ќе бидат ваш сојузник во буквално секоја комбинација за оваа сезона, а она што е дополнително неодоливо се боите кои се навистина неодоливи.

Носете ги со тесни или широки фармерки и тренди блузичка, со тесно фустанче и капут, костим во кафена нијанса, елегантно или тренди здолниште, па дури и со некој едноставен и елегантен фустан и куса кожена јакничка.

Она што ги прави овие чизми уште попосакувани е тоа што се и неверојатно удобни и во нив ќе можете да ги завршите буквално сите дневни обврски, а сепак да не се чувствувате уморни.

Супер инвестиција и шопинг за претстојниот викенд!

Објавено:
20 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
8.244 пати