Must have: Колоритна летна чанта што мора да ја имате!
•
10 август 2018
Летото секогаш се поврзува со ведри бои и принтови, па денеска ви предлагаме една неодолива чантичка која е сè што може да посакате овие топли денови.
Станува збор за мала сламена чанта во темно сина боја, украсена со крем цветови по површината, надополнета со колоритни пом – пом топчиња.
Иако е шарена, истата можете да ја носите со што и да посакате, ако добро ја комбинирате. Носете ја со едноставен џинс и маичка, фустанче, но и со кул палто во пруги како она на фотографијата.
Навидум мала, но во неа ќе ги собере сите работи што ви се потребни за во текот на денот. Оваа шик чантичка можете да ја најдете во продавниците на Parfois.