Must have: Рамни кафени сандали за секој ден од летото

10 јуни 2019

Високите температури на кои сме сведоци изминатите неколку дена, направија целосно да го преуредиме плакарот и да ги пронајдеме парчињата во кои ќе уживаме секој ден од летото.

За секоја комбинација, потребни ни се сандали што истовремено се удобни и стилски, а токму такви со потпис на Манго ви предлагаме денес.

Станува збор за сосема рамни чевли со интересни ремчиња во предниот дел, во недолива кафена боја и извезени со интересен коноп во долниот дел.

Истите можеме да ги вклопиме во секоја комбинација, без разлика дали носиме џинс и некоја шармантна кошулка, или пак лелеав цветен фустан за на работа.

Сандалите се супер удобни, па така ќе можете да издржите во нив цел ден, па дури и да продолжите на кафе со пријателките.

Носете ги на работа со соодветна комбинација, но и за посебни пригоди со класично црно или бело фустанче и уживајте во секој ден од топлото лето.

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
439 пати