Must have: Раскошен асиметричен фустан во небесно сина боја

18 април 2020

Класичната сина боја институтот „Пантон" ја прогласи за боја на 2020 година.

Но, не помалку атрактивни во модниот дизајн, се и остатокот од палетата нијанси на оваа боја.

На пролетта совршено ѝ прилега небесно сината боја, како колор што го доловува нејзиниот слободен дух, темперамент и живописност.

И совршено се вклопува во естетиката на колекцијата „Sky's flowers" на модниот бренд Елена Лука, од каде се инспириравме за денешниот „Must have" избор.

Перфектно дефиниран, асиметричен фустан со карнери е едноставно совршен избор за секоја прилика кога сакате да блескате.

Нарачајте го онлајн на е-продавнцата на Елена Лука или закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.

 

Објавено:
18 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
524 пати
Тагови: 
must have