Must have: Сламена шапка со шармантни украси

10 јули 2019

Во текот на летната сезона, еден од омилените модни додатоци се разбира дека е сламената шапка која секогаш со задоволство ја носиме.

Оваа што денеска ви ја предлагаме е дефинитивно една од омилените, бидејќи можете да ја вметнете во било која комбинација и секогаш да изгледате ултра стилски.

Во случајов ние ја комбинираме со плетена маичка и кусо здолниште, но истата е совршена и со некое лежерно, летно фустанче во кое секогаш можете да ги поминете летните денови.

Носете ја секој ден на одмор, на дневните прошетки низ градот, заштитете се од сонцето кога одите на работа, но додајте ја дури и во вечерните комбинации за супер изглед.

Истата можете да ја најдете во продавниците на Parfois, каде летните попусти се веќе започнати.

Објавено:
10 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
389 пати
Тагови: 
must have шапка Parfois