Must have: Светкава лента за коса за специјални пригоди

21 јануари 2019

Ако пред вас е некој настан што долго го чекавте или пак забава на која планирате да уживате, тогаш потребен ви е моден детал со кој ќе се издвоите од толпата.

Денеска ви предлагаме токму таков, прекрасна светкава лента за коса која можете да ја комбинирате со што и да посакате благодарение на неутралната боја.

Носете ја со собрана или пуштена коса и секогаш бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите.

Соодветна е и за секојдневните стајлинзи за на работа или кафе со пријателите и во оние денови кога имате „bad hair day“.

Во случајов, ние ја комбинираме со собрана коса во елегантно репче, впечатлива шминка и класичен црн комбинезон на тенки прерамки за софистициран изглед.

Оваа лента за коса и слични вакви можете да најдете во продавниците на Parfois.

Објавено:
21 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
539 пати