Must have: Украсни шноли за блескавите забави што доаѓаат

10 декември 2018

Пред нас се голем број на предновогодишни забави, па време е да почнеме да се подготвуваме и да ги одбереме најдобрите комбинации во кои ќе блеснеме.

Ако сте од оние кои не се вљубени во светкавите парчиња, туку на забавите сакате да се појавите во некои посмирени варијанти, задолжително одберете барем некој впечатлив моден додаток.

Денеска ви предлагаме токму такви, впечатливи украсни шноли што се совршен избор за сите оние кои сакаат акцентот на комбинациите да го стават на модните додатоци.

Овојпат, ние ги комбинираме во три нијанси на прекрасни бои, а вие секогаш можете да одберете една или повеќе.

Носете ги на забавите од работа, за новогодишната ноќ, па дури и на сите оние забави преку ден во комбинација со некои топли парчиња.

Истите можете да ги најдете во продавниците на Parfois.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
10 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
583 пати