Must have: Урбан модел на фустан во четири различни нијанси – моден хит за претстојната пролет

25 февруари 2020

Модел на фустан во едноставен крој, што лесно може да се комбинира во различни варијанти, секогаш е атрактивен независно од актуелните тенденции.

За претстојната пролетна сезона го имаме изборот на модно парче кое токму поради неговиот безвременски дизајн и функционалност, ќе биде „must have".

Овој урбан дизајн на фустан од модниот бренд Елена Лука е достапен во четири различни бои: жолта, црвена, бела и црна, а кројот одговара на сечија фигура што го прави совршен избор на дизајнерско парче за секоја жена.

Може да го коминирате со патики за кежуал изглед или пак со високи потпетици за поженствено издание, а бидејќи моделот е еднобоен, може да го стилизирате и со модни додатоци како марама околу врат или мини чанта преку рамо.

Достапен е во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
25 февруари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.426 пати