Must have: Време е да се подновите со квалитетен женствен капут

22 септември 2020

Денеска и календарски ни пристигна есента, а тоа е потсетување дека веќе треба да размислуваме и за сезонско преуредување на гардероберот и подготовка за новата сезона.

А едно од есенцијалните парчиња во есенскиот и зимскиот изглед е квалитетниот капут. Парче на кое треба да му посветиме исклучително внимание, затоа што со него го зокружуваме секој аутфит оваа сезона.
Доколку размислувате годинава да се подновите со нов капут, имаме идеален предлог што вклучително е и нашиот денешен избор за MUST HAVE.

 

Женствен и елегантен капут во впечатлива црвена боја, со потпис на нашиот моден бренд Елена Лука.
Во совршен крој и со одличен квалитет, овој трендовски модел добива дополнителен стилски акцент благодарение и на широкиот појас на врзување, што истовремено има и практична и естетска функција.

Нарачајте го онлајн на е-продавницата на Елена Лука.

Објавено:
22 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.047 пати