Must have здолништето кое го обожуваме сезонава!

4 мај 2021

Женствената мода е во цутот оваа пролетна сезона! Балон-ракави на романтични фустани, чевли со панделки, шноли со панделки, наметки од свила, фустани од органза, цветови и цели ботанички градини на принтови - едноставно сè e женствено и романтично како што и' доликува на пролетта.

Меѓу таквите задолжителни парчиња кое се вклопуваат во бајковитата модна приказна со име пролет-лето 2021 се и здолништата од сатен-свила во ведри бои. А нив ќe ги најдете во пролетната колекција на Елена Лука.

Здолниште 3.200 денари

 Со А-крој и неверојатно привлечна текстура и форма која совршено елегантно и женствено ја истакнува фигурата, свиленото миди здолниште претставува дефиниција за спортска елеганција, отменост во канцеларија, префинет стил.

Најромантичното парче сезонава, соодветствува на изгледот резервиран за преку ден. Одберете некоја од петте вибрантни бои на здолништа кои куќата ги има на располагање. Комбинирајте го со дуксер или маица со краток ракав и патики.

 

Во вечерните часови, дозволете лежерноста на свилата да се вклопи во вечерни комбинации. Комбинирајте го здолништето со слип топ во иста боја, патиките заменете ги со сандали на висока потпетица. 

Свиленото здолниште на Елена Лука со својот неверојатен крој, дозволува да создадете совршен контраст на текстури, комбинирајќи го со кроп џемпер или тексас јакна, додека за во канцеларија можете да го споите со едноставна класична кошула во бела боја и да украсите со некоја свилена марама. 

Здолниште 3.200 денариКошула 1.600 денариЧанта 7.900 денари ● Сандали 2.400 денари

Објавено:
4 мај 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.149 пати