Мантилите одамна важат за симбол на есента, а оваа сезона особено популарни се оние направени од еко-кожа.
Од моментот кога Ентони Вакарело претстави кожени палта во колекцијата за пролет 2023 на неодамнешната ревија на Сен Лорен, ниту еден вљубеник во модата не може да престане да размислува за нив.
Макси должината на ова парче се покажа како особено ефективна и атрактивна, па не е ниту чудно што најголемиот дел од луѓето посакуваат да го вклучат мантилот од еко-кожа во својата есенска гардероба.
Оваа есен доминира топлата, неутрална и земјена палета на бои, па така и ова модно парче е достапно во истите нијанси, како црна, кафена, бордо, портокалова и други.
Доколку веќе имате вакво парче во вашиот плакар, време е да го извадите и прошетате, а доколку не знаете како да го комбинирате, во продолжение ви нудиме неколку инспиративни начини на кои можете да го носите ова безвременско парче.
Фото: Pinterest