Најдобриот тренд за оваа зима

19 декември 2013

Различни нијанси и кројки, кратки или долги, сепак џемперите се незаменлив дел од аутфитот за секоја зима. Овој пат ви препорачуваме да одберете џемпер кој ќе биде неструкиран, а доколку знаете да плетете тогаш ќе немате проблем во изборот на нијансите и формите со кои може да направите вистинско ремек дело.

Оваа сезона посебен акцент се става на неструкираните џемпери кои вузуелно може нема да ја нагласат вашата структура, но дефинитивно ќе ве згрејат во текот на ладната сезона. Џемперите се дел од колекциите на голем број модни куќи од кои посебно би ги издвоиле креациите на Долче и Габана, Стела Мекартни, Мулбери  и Марк Џејкобс. Исто така нема да згрешите доколку одберете и модни плетени додатоци со кои дефинитивно ќе бидете уникатни во секој поглед.

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Тренд