Најшармантната комбинација пролетва доаѓа од Oltre

28 март 2017

Оваа пролет нека биде сезоната кога во вашиот плакар ќе сместите само пастелни парчиња кои ќе зрачат со шарм како никогаш досега.

Сезонава ние дефинитивно сме опседнати со цветниот принт, па така постојано сакаме да носиме барем едно парче во тој стил.

Денеска ве запознаваме со овие фантастични пролетни панталони во кои ќе сакате да го поминете секој ден. Покрај тоа што се супер удобни, истите се и тотално шик!

Совршено лежерни, овие панталони се навистина посебни благодарение на одличниот материјал од кои се изработени и секако, поради цветниот принт во кој ќе се заљубите од прва.

Иако се со принт, воопшто не е тешко да се комбинираат. Заборавете на блузите и кошулките во темни нијанси и оваа пролет блеснете во пастелно сината која допрва ќе биде хит.

Во овие денови кога времето е како создадено за блузичка на долги ракави, одберете ја токму оваа со карнери во горниот дел која одлично ќе се вклопи во комбинацијата со панталоните.

Истакнете го целиот стајлинг со овие супер стилски чевлички на удобна потпетица во сива боја кои се едни од фаворитите сезонава.

Она што е супер кај оваа комбинација е тоа што без проблем можете да ја носите на работа, за извршување на секојдневните обврски, на ручек со пријателите или пак за некоја лежерна вечерна забава.

Да ја повикаме пролетта и топлото време со оваа навистина прекрасна комбинација во која преовладува сината боја во која секогаш одново се заљубуваме.

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.995 пати