Најубавиот пролетен принт кој ќе го носиме во 2021

22 февруари 2021

Ќе се излажете ако помисливте дека станува збор за цветниот принт, бидејќи не е некоја новина да се носи цветен принт вопролет. Што би рекла Миранда Присли од филмот The Devil Wears Prada: Florals? For Spring? Groundbreaking! (со сериозна иронија во гласот

Станува збор за принт ккј на две-три години се враќа и прави совршен пресврт во модата, во сезоната, во деталите. Без разлика дали станува збор за разигран фустан како кај Батшева, лелеава кошула како кај Лорензо Серафини или карнери како кај Каролина Херера, точките се враќаат во мода на почесно место сезонава во сите бои и големини.

ФУСТАНИ СО ТОЧКИ

Фустаните се најубавиот начин да ги носите точките. Со фустанот сте дотерани од глава до пети, а со точките никогаш нема да имате здодевен изглед. Одлучете се за црно-бела варијанта или некоја пастелна боја со јаки точки.

КОШУЛИ СО ТОЧКИ

Кошулите со точки може да ги комбинирате со панталони или здолниште со друг принт, на пример пруги, но внимавајте да одговараат боите. За сигурна варијанта, секогаш може да се одлучите за еднобојни панталони.

ДОЛЕН ДЕЛ

Панталони или здолниште, сè додека се точките суптилни, немате никаков проблем. Правилото за комбинирање е исто како и претходно.

 ДЕТАЛИ

Без разлика дали станува збор за марама, чанта, чадор или хулахопки, точките се довредојдени и кај деталите.

Објавено:
22 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.374 пати