Најубавите фустани од летната улична мода
•
30 јуни 2020
Ова е лето на лежерните фустани со волуменозни кроеви. Во нив се чувствуваме шик исто колку што се чувствуваме и удобно.
Моделите со нагласени карнери, „пуфкасти" ракави и здолништа во А крој, ја предводат листата на актуелни и омилени фустани оваа сезона.
Дополнителна карактеристика поради која ги обожуваме, е што лесно може да ги трансформираме од дневни во вечерни аутфити, а во зависност од тоа со какви модни додатоци ќе ги комбинираме.
Патиките и рамните чевли се резервирани за преку ден, додека високите потпетици за вечерните варијанти.
Направивме избор на неколку женствени модели од летната улична мода.
Фото: Пинтерест