Некои нови кожени панталони...

8 ноември 2016

Кожените панталони се едно од омилените парчиња на девојките неколку сезони наназад, а со цел истите да не ни здодеат, оваа есен тие доаѓаат во ново руво.

Еден од омилените класици на многу жени, оваа есен можеме да го видиме во нови и интересни модели кои знаеме дека ќе ги освежат вашите комбинации.

Токму прилагодливоста во сите комбинации е она што ги прави овие панталони посакувани и секогаш добредојдени во сечиј женски плакар.

Оваа година, покрај стандардните тесни панталони, девојките обожуваат да носат и кожени килоти, широки кожени панталони, такви кои се широки во горниот дел па се стеснуваат надолу, со висок струк, во различни бои и уште многу други модели.

Токму овие модели на вашите комбинации ќе им дадат една нова и интересна димензија, особено во зимските денови што следат кога можеме да ги носиме со најубавите топли џемпери.

Комбинирајте ги со волуменозни џемпери и фустани одозгора, со шик зимски палта, високи потпетици, разни модели на чизми и што уште не.

Еден од најпопуларните модели за сезонава се кожените ѕвон панталони чија популарност неверојатно порасна благодарение на комбинациите на блогерките.

Објавено:
8 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.359 пати